Во рамки на нашата групација исто така функционира и одделот за Интерна медицина во која се изведуваат специјалистички прегледи, консултации, дијагностицирање и третман на сите интернистички состојби.

Услуги кои се практикуваат во поставување  на дијагноза и терапија на интернистички болести и состојби :

  • • Ехосонографија на тироидна жлезда;
  • • Ехосонографија на абдомен;
  • • Ехосонографија на уринарен тракт и простата;
  • • Ехосонографија на тестиси;
  • • Ехосонографија на дојки;
  • • Ехосонографија на бели дробови;
  • • Доплер на каротиди и периферни крвни садови;
  • • ЕКГ на срце;
  • • Спирометрија;
  • • Пикфлоуметрија;
  • • Инхалација на дишни патишта;
  • • Зрачење на синуси;
  • • Парецентеза (евакуација на асцитна течност)
  • • Поставување на уринарен катетар;
  • • Дневен престој.

Во овој оддел најчесто се обраќаат пациентите за специјалистички интернистички  прегледи со ехо дијагностика, терапија и следење, при следниве состојби:

1. Ендокринологија:
– Прегледи на тироидна жлезда (следење на цистични и нодуларни формации);
– Третман и следење на хормоналните пореметувања на тироидната жлезда;
– Третман и следење на Дијабетес мелитус;

2. Гастроентерохепатологија:
Преглед и третман на:
– Црнодробни болести (замастен црн дроб, алкохолна црнодробна болест, црнодрбна цироза, акутен алкохолен хепатит, тумори и цисти на црниот дроб, итн);
– Болести на панкреас (акутен и хроничен панкреатитис, панкреатични псеудоцисти и тумори на панкреасот);
– Болести на жолчното кесе и жолчните патишта (жолчната калкулоза, акутно и хронично воспаление на жолчното кесе и жолчни патишта, тумори на жолчно кесе и жолчните патишта);
– Болести на слезенката (Наголемување на слезенката, трауми, воспалителни и малигни заболувања);

3. Нефрологија:
– акутни и хронични воспалителни заболувања на бубрези,
– бубрежна калкулоза,
– тумори,
– цисти,
– трауми,

4. Кардиологија:
– Дијагностицирање, третман и следење на болести на серцето (хипертензија, аритмија, кардиомиопатија, итн)
– Дијагностика на крвни садови (атероматозата на абдоминална аорта, аневризма на аортата, доплер на каротиди и периферни крвни садови);

5. Пулмологија:
– Дијагностика и третман на горнореспираторни заболувања (Акутни и хронични сунизути);
– Дијагностика и третман на долнореспираторни заболувања (Хронична обструктивна белодробна болест, Астма, плеврални изливи, итн);

6. Ревматологија:
– Дијагностика и третман на специфични симптоми и знаци кај пациенти со воспалителни зглобни болести, медикаментозен третман на ревматоиден артрит, итн.

Pages: 1 2